Тибо Куртоа знае само еден играч на Брест

by bojan
1 минути читање
Куртоа

Во пресрет на натпреварот помеѓу Брест и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа вели дека знае само еден играч на противникот, а и тој не го кажа по име.

Брест веројатно е најголемото и најпријатното изненадување во новата Лига на шампиони, малиот клуб од Франција забележа четири победи и пласман во баражот во своето дебитантско учество во најелитното европско натпреварување.

Денеска тие на мегдан ќе излезат со најтрофејниот клуб и актуелниот шампион Реал Мадрид, и ќе имаат прилика да уживаат во магична и незаборавна ноќ.

За „кралевите“ сепак ова ќе биде само еден обичен натпревар, Тибо Куртоа отворено призна дека не знае ништо за Брест, познат му бил само еден играч (голманот Марко Бизот), а и тој не го спомна со име или презиме.

„Искрено, не ги познавам. Го знам само голманот бидејќи има играно во Белгија (во Генк, клубот каде што настапуваше и самиот Куртоа). Но гледав неколку нивни натпревари, како оној против Баер Леверкузен, и можам да кажам дека се тим кој знае како сака да игра и што сака да постигне. Сакаат да ја имаат топката и не ви оставаат простор. Незгоден противник се кога играат дома, па очекувам навистина тежок и натпревар со голем интензитет“ – рече голманот на Реал Мадрид на средбата со новинарите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани