Тиаго Силва сака да се врати во Милан, но има еден проблем

by
1 минути читање

Централниот дефанзивец во септември ќе наполни 36 години, тој нема да ја продолжи соработката со ПСЖ и ќе замине на лето.

Бразилецот отсекогаш зборувал за љубовта кон Милан и посакува да се врати на Сан Сиро како што тоа го направи Ибрахимовиќ.

Но, „Тутоспорт“ пишува дека барањата за плата на Тиаго Силва се преголеми, Милан не е во можност да му ги понуди парите кои ги сака поради фактот што клубот има проблем со финансискиот фер плеј и буџетот им е ограничен.

Тиаго Силва од 2009 до 2012 играше за Милан, а потоа премина во ПСЖ за сума од 42 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×