Тиаго Силва разочаран од однесувањето на Нејмар открива: Ме навреди, не го очекував тоа од него

by
1 минути читање

Противниците не
го штедат Нејмар на мундијалот во Русија, напаѓачот дури десет пати беше
фаулиран против Швајцарија, а слично беше и на мечот со Костарика.

Фрустриран од ваквата тактика на противниците, ѕвездата на ПСЖ бесот го истурил врз своите, и го навредил Тиаго Силва,
кој во знак на фер плеј им ја вратил топката на играчите на Костарика.

„Нејмар ми е како
помал брат, секогаш се грижам за него, но ме разочара. Кога им вратив една
топка тој ме навреди многу. Беше во право за тоа дека премногу го удираат, но
таа топка немаше да ни донесе победа“
– вели Тиаго Силва, кој ја носеше
капитенската лента против Костарика.

„Не очекував вакво нешто од него, не ми се допадна неговото однесување, па по крајот на мечот го опоменав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани