Тежок удар за плановите на Ливерпул: Се повреди засилувањето од 70 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Ливерпул би можел да се соочи со голема главоболка околу еден од своите најскапи проекти за иднината, откако младиот дефанзивец Џереми Жаке доживеа сериозна повреда на рамото на синоќешниот дуел меѓу Рен и Ленс, кој заврши со победа на гостите од 3-1.

Станува збор за 20-годишен стопер кој од 1 јули 2026 година и официјално ќе стане член на „црвените“, но на овој натпревар имаше незгоден пад по еден воздушен дуел и со силни болки остана на тревникот, додека медицинскиот тим му укажуваше помош. Глетките од теренот внесоа загриженост не само во редовите на Рен, туку и на „Енфилд“, со оглед на тоа што Ливерпул издвои дури 70 милиони евра за неговиот трансфер.

По натпреварот, тренерот на Рен отворено призна дека ситуацијата не е безазлена.

„Жаке има проблем со рамото и на прв поглед изгледа сериозно. Дополнителните медицински прегледи ќе покажат колкава ќе биде паузата“, изјави шефот на стручниот штаб.

Во Ливерпул со големо внимание ќе го следат развојот на настаните, бидејќи Жаке е планиран како долгорочно решение во одбраната од наредната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×