342
Еден од клучните фудбалери на Вардар, Роџерс Мато, се здоби со повреда на натпреварот против Тиквеш и извесен период ќе биде надвор од терените.
Напаѓачот има скршеница на коската од стапалото и ќе паузира меѓу четири и шест недели, по што ќе започне со постепено враќање во тренажен процес.
Мато е најдобриот фудбалер на Вардар оваа сезона, постигна 11 голови и запиша две асистенции, па неговото отсуство ќе претставува сериозен предизвик за тренерот Гоце Седлоски и за целиот тим на „црвено-црните“ во наредниот период
Standings provided by Sofascore