Teжок удар за Барселона: Флик остана без важен фудбалер – веќе и се преговара за враќање на добро познато лице!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Барселона официјално соопшти дека дефанзивецот Андреас Кристенсен заработил сериозна повреда на коленото на еден од тренинзите пред дуелот со Виљареал, поради што ќе мора да паузира најмалку четири месеци.

Оваа повреда на данскиот репрезентативец веќе ги активира алармите во таборот на каталонскиот гигант, кој започнал со потрага по соодветна замена. Во јавноста кружат неколку имиња, но според последните информациите, изборот на Барселона веќе е прилично јасен.

Станува збор за Иниго Мартинез, кој минатото лето направи трансфер во Ал Наср, но не се снаоѓа најдобро во новата средина и сериозно размислува за брзо враќање во Европа.

Враќањето на „Камп Ноу“ за Мартинез би можело да претставува најпривлечна опција, а тој наводно веќе испратил порака дека со задоволство повторно би го облекол дресот на Барселона. Паралелно, шпанскиот стопер работи и на раскин на договорот со Ал Наср, што значително би ѝ ја олеснило работата на Барселона околу неговиот евентуален камбек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×