Тежок удар за Артета: Можеби заврши годината за најдобриот во одбраната!

by Стефан
1 минути читање

Арсенал сезонава игра одлично, посебно во дефанзивниот дел од тимот, но менаџерот Микел Артета сега се соочува со проблеми, откако повреда заработи стоперот Габриел.

Бразилецот се повредил за време на репрезентативните обврски со Сенегал, каде настапи на пријателски натпревар. Габриел како што се наведува се пожалил во болка во мускулот, а стручниот штаб веднаш го ослободил и му дозволи да се врати во Лондон.

Англиските медиуми јавуваат дека повредата не е наивна и Габриел доживеал значително истегнување на мускулот. Оптимистичките прогнози велат дека би можел да се врати за околу еден месец, но во клубот стравуваат дека дефанзивецот би можел да отпадне до крајот на календарската година.

Во моментов Арсенал е на врвот на Премиер лигата со само пет примени гола на 11 средби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×