На Шангај не му
оди добро во кинеската лига, па така тимот на Густаво Појет загуби и на гостувањето
кај Теда со 2-1 изминатото коло.
Со 12 бода е
далеку од врвот на табелата во Кина, но во фокусот на вниманието е првата
ѕвезда на тимот, Аргентинецот Карлос Тевез кој на шест натпревари постигна само
еден гол досега.
Тевез го одигра
целиот натпревар во поразот на својот тим, но еден краток видео детаљ од овој
меч беше доволно да се заклучи зошто Шангај бележи слаби резултати во Кина.
Кога ќе го
проследите видео детаљот од мечот, потсетете се дека овој фудбалер заработува
37 милиони евра годишно, или 3,08 милиони месечно.
Инаку, на
претходно наведениот натпревар Тевез постигна гол но му беше поништен поради
игра со рака, што од снимките се гледа дека била неоправдана одлука, но, во
текот на создавањето на шансата, кога го упати ударот, направи неспортски гест,
газејќи го со нога противникот на мошне незгодно место.