210
Карлос Тевез и
Кристијано Роналдо неколку години ја делеа соблекувалната во Манчестер
јунајтед. Аргентинецот сега се потсети на денот кога дошол на тренинг во 6
часот наутро за да биде прв, но Португалецот веќе бил таму и вежбал.
„Роналдо цел ден
поминуваше во теретана, тоа му беше опсесија. Се сеќавам дека требаше да се
појавиме на тренинг во 9, јас дојдов во 8 часот, а тој веќе беше таму. Па решив да пристигнам во 7 и 30, и тој повторно беше таму. Еден ден си реков дека
морам да бидам прв, пристигнав во тренинг центарот во 6 наутро, но тој веќе
беше таму. Беше полу заспан, но беше таму“ – вели популарниот „Апаче“.