Тевез даде гол за Бока и го прослави со дрес кој Марадона го носел во 1981 година (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со гол на Тевез во 63. минута, Бока јуниорс победи на гостувањето кај Интернационал. При прославата Тевез облече стар дрес на Бока, а по мечот објасни дека го добил од Марадона, и тоа е дрес на Диего од 1981 година.

„Тоа беше мала посвета за Диего со негов дрес од 81ва, кој тој ми го подари. Многу сум среќен што го испочитував на ваков начин, сигурен сум дека тој го видел тоа од горе“, вели Тевез.

„Ова беше тешка недела, но моравме да играме. Ова не е убав период за сите Аргентинци. Загубивме голем идол, не беше лесно да се игра, но успеавме, победивме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани