Еден од
најуспешните фудбалски агенти на денешницата, Абдилгафар Фали Рамадани, инаку роден од
Тетово, се најде под истрага од шпанските власти, кои се сомневаат во перење
пари од страна на агентот кој има неколку звучни фудбалски имиња како клиенти
на неговата листа.
Рамадани инаку
живее во Мајорка со своето семејство, а шпанската граѓанска гарда, заедно со
одделот за организиран криминал шест часа го претресувале неговиот дом, а
собраната документација допрва ќе биде подложна во истрагата која ќе треба да
утврди дали Тетовецот има вина во тој случај.
Како што известува „Ултима Ора“, се вели дека истрагата ја водат тимот за спречување организиран
криминал (ЕКО) во Мајорка, финансиско разузнавачката група (ГИФ), обата
оперирани директно од централната оперативна единица (УКО) во Шпанија, а
соработуваат и Еуропол и агенцијата за данок.
Акцијата
започнала од вторникот, а агентите кои се сомничат за делото „перење пари“ била
испрашувани шест часа, а за неколку денови Рамадани треба да се појави во
Мадрид пред Националниот суд за да се произјасни.
„Ултима Ора“
наведува дека моќниот фудбалски агент кој поседува луксузни автомобили, земјишта
и јахти, сето тоа би можело да му биде замрзнато дур трае истрагата.
Во истрагата под
истите сомневања е воедно и уште еден бизнисмен, како и поранешни фудбалери,
поради затајување на данок, а осомничените се од Источните земји, користеле
добро организиран тек на своите активности за да затајат данок.
Освен Рамадани,
се сомничи и уште едно лице во фудбалските води, кој инаку живее во истото
населено место како и Рамадани, „Калвиа“, а вреди да се напоменат клиентите зад
чие име стои тетовскиот супер-агент на фудбалскиот пазар.
Рамадани, за
некои познат како „Источниот Мино Рајола“, со оглед на своето потекло, ги
застапува интересите на Иван Перишиќ, Миралем Пјаниќ, Адеми Љајиќ, а го
договори Маурицио Сари за неговата преселба на клупата на Челси, а секако една
од најуспешните негови зделки е трансферот на Лука Јовиќ во Реал Мадрид,
напаѓачот кој исто така е на листата на клиенти кај Рамадани.
Тетовецот исто така го застапува и еден од најбараните дефанзивци на европскиот трансфер пазар, фудбалерот на Наполи, Калидули Кулибали.