Тетер ја соопшти својата намера да ги купи сите акции од Ексор, компанијата во сопственоста на семејството Ањели, доколку зделката е успешна, ќе бидат вложени 1 милијарда евра за разој на клубот.
Јувентус би можел да добие нов сопственик, компанијата Тетер сака да го купи делот на Ексор, однонсо семејството Ањели.
Се шпекулира дека е понудено 2,66 евра по акција, односно околу 1,1 милијарда евра а 65,4 од акциите кои ги поседува Ексор.
Генералниот извршен директор на Тетер, Паоло Ардоино е голем навивач на „старата дама“, оваа компанија веќе поседува над 10% од акциите на клубот од Торино, но сега цели и кон контролниот пакет.
Доколку Тетер стане нов сопственик, ветува дека ќе инвестира 1 милијарда евра за развој на клубот.