Фудбалскиот клуб Тетекс конечно се враќа дома на Градскиот стадион во Тетово. Убавата вест клубот ја потврди преку своите социјални мрежи.
На Градскиот стадион Тетекс ќе игра веќе викендов кога се среќаваат со Слога Виница.
„Ве повикуваме сите тетовчани, љубители на фудбалот, млади и стари, да дојдете во што поголем број. Да ја вратиме заедно магијата на старите добри денови, кога ЈУГ одекнуваше со НАШ КЛУБ – НАШ ГРАД, а секој натпревар беше празник.
Ова е само почеток! Не застануваме овде туку многу брзо ќе ве изненадиме со нови победи и нови убави вести за ФК Тетекс“, стои во објавата на Тетекс.
По првите три кола во новата сезона, Тетекс има една победа и два порази, со освоени три бода се наоѓа на 13-тото место на табелата во Втората лига.