На Агенцијата за вработување се појави еден несекојдневен оглас, фудбалскиот клуб Тетекс одлучи преку оглас да бара нови имиња во својот тим.
. Во огласот стои дека работното место е „фудбалер“, со утврдено работно време во прва смена, од 9 до 16 часот. Месечната нето-плата што се нуди изнесува 24.400 денари, односно минималната плата во државата.
Во текстот се наведува и дека е потребно искуство означено со бројка „еден“.
За крај се додава;
„Ако сте спремни да влезете во тимот – Тетекс чека нов фудбалски херој“.