Тешка ноќ за Кристијано Роналдо, неговата мајка завршила во болница и итно била оперирана

by
1 минути читање

Тешка ноќ за
Кристијано Роналдо, неговата мајка доживеала мозочен удар. Како што пренесуваат
медиумите од Португалија, Долорес Авеиро утрово во 5:30 часот била
хоспитализирана во болницата „Нелио Мендоса“ во Фуншал.

65 годишната жена
итно била оперирана, таа е во стабилна и свесна состојба на интензивна нега и ќе се почекаат 12 до
24 часа за да се утврди третманот кој ќе го добива во иднина.

Останува да се
види дали Кристијано Роналдо сега ќе настапи во среда против Милан во Купот на Италија
или пак ќе се врати во родната Мадеира за да биде покрај својата мајка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×