64
Шпанскиот клуб го
потврди именувањето на Гарсија Торал во нов тренер на тимот, тој ќе го превземе
кормилото по крајот на сезоната.
Неофицијалните
информации кои пристигнуваат од „Пиринеите“ велат дека Торал ќе добие договор
во времетраење од две години.
Искусниот стратег
претходно ја предводеше екипата на Вилјареал, помина три години на клупата на
популарната „Жолта подморница“ (2013-2016) а беше поврзуван и со италијанскиот
калчолигаш Интер, со кого не успеа да се договори околу условите.
Валенсија по 36.
одиграни кола во „Примера“ се наоѓа на 13. позиција на табелата со вкупно 43
освоени бодови, со обезбеден опстанок во елитната лига на Шпанија, но без
никакви шанси за излез во Европа.