Не му оди најдобро на Манчестер јунајтед ниту со Рубен Аморим на клупата, па денеска гигантот доживеа тежок пораз од Бормут на домашен терен со убедливи 0:3.
Разочарувањето на „црвените ѓаволи“ беше најавено во 29. минута кога Хујсен го отвори резултатот. Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути.
Имаше свои шанси Манчестер јунајтед да дојде до израмнување, а кога не ги реализираше следуваше казната.
Гостите постигнаа два брзи гола во две минути. Прво погоди Клајверт во 61. потоа и Семењо во 63 за конечни 0:3.
Бормут е едно од најпријатните изненадувања сезонава во Премиер лигата и со 28 бода се наоѓаат на петтата позиција, три помалку од четвртопласираниот Нотингем. Манчестер јунајтед од друга страна е дури 13. со 22 бода.
Победа од 0:3 денеска забележа и Вулвс на гости кај Лестер, додека на средбите Фулам – Лестер и Евертон – Челси немаше погодоци.