345
Македонскиот фудбалер кој настапува за Железничар, Матеј Цветаноски доживеа тешка повреда на денешниот меч против Слога Добој од четвртфиналето на Купот на Босна и Херцеговина.
Информациите од БиХ велат дека Цветаноски се здобил со скршеница на ногата и го очекува долга пауза.
Фудбалерот на Слога, Никола Мандиќ бил оној кој стартувал остро врз Цветаноски и му ја скршил ногата, а за тоа не добил ниту жолт картон.
Паузата траела неколку минути, македонскиот фудбалер со брза помош веднаш бил пренесен во болница.