Тешка повреда на Кристенсен, но има и една добра рабтоа за Барселона

by bojan
1 минути читање

Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен заработил тешка повреда на коленото на вчерашниот терен, се очекува тој да паузира подолго, но во исто време и да отвори простор за „каталонците“ да донесат засилување во јануари.

Андреас Кристенсен можеби веќе го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона, дефанзивецот се повреди на вчерашниот тренинг, а тестовите донесоа лоши резултати.

Како што попладнево брифираа од Камп Ноу, Данецот ги оштетил предните вкрстени лигаменти на коленото и го чека долга пауза.

Лигаментите се само делумно скинати, па во моментов не се размислува за операција, но и со ваква дијагноза, се очекува тој да биде надвор од стројот најмалку четири месеци.

Во оваа црна прогноза, има и една добра работа – Барселона ќе може да искористи процент од платата на Андреас Кристенсен за да регистрира засилување во зимскиот преоден рок.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×