Шампионот Динамо Загреб го тресе сериозна криза и тоа се одразува сериозно на состојбата на табелата во ХНЛ.
Тимот во кој настапуваат Стефан Ристовски и Аријан Адеми ја дели третата позиција со Вараждин со по 26 бода, а веќе заостанува по седум бода зад водечките Ријека и Хајдук. Во моментов „модрите“ имаат сериозни проблеми со повредите, а тоа се одразува и на резултатите.
Криза каква што ретко паметат, Динамо оваа сезона не победи на повеќе од половина натпревари има седум победи, пет ремија и пет порази.
Ако се погледне табелата само на последните пет кола, Динамо е најлош тим во лигата. Тие имаат три нерешени и два порази со три бода и гол-разлика 4-7.
Шибеник и Горица во последните пет рунди имаат по четири бода, а пред нив се Хајдук и Истра 1961 со по шест. Најдобро му оди на Славен Белупо на Илија Несторовски кој има 11 бода по три победи и две ремија на последните пет настапи.