Марк Андре тер Штеген е сè поблиску до заминување од Барселона, и тоа уште во јануари. Германскиот голман сака да остане прв избор во репрезентацијата на Германија за Светското првенство и не планира да ја прифати улогата на резерва на Камп Ноу.
Иако е незадоволен од статусот, не сака да ги прости долговите што клубот ги има кон него и планира договорот да го истурка до 2028 година. Барселона би сакала да го продаде поради неговата висока плата, но реално сценарио е позајмица до крајот на сезоната.
Неочекувано, најконкретна понуда пристигна од Бешикташ. Турскиот клуб е подготвен да го покрие остатокот од неговата годишна плата, околу седум милиони евра, и се надева дека ќе успее да го убеди голманот.
Тер Штеген е дел од Барселона веќе 11 години и со клубот ги освои Лигата на шампионите и шест титули во Ла Лига. Сега изгледа дека е време за ново поглавје.