Германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген заработи нова повреда, овојпат за време на тренинг во пресрет на дуелите од шпанскиот Суперкуп кој се игра во Саудиска Арабија.
Германецот веднаш се вратил во Барселона каде ќе му бидат направени детални тестови по кои ќе се знае тежината на повредата и колку време ќе отсуствува.
Оваа повреда може да му го загрози евентуалниот јануарски трансфер за кој се пишуваше.
Се шпекулираше дека треба да оди во Жирона, но ако се работи за потешка повреда, нема да има клуб кој ќе го ангажира оваа зима.
Од Барселона за Саудиска Арабија се упатил американскиот голман Диего Кочен кој треба да го замени Тер Штеген како трет голман.
Вечерва од 20 часот Барселона игра против Атлетик Билбао во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп.