Тер Штеген не ја есапи Барселона, ниту ќе ја потпише согласноста, ниту пак ќе го напушти клубот

by bojan
1 минути читање
Тер Штеген размислува за операција и долга пауза.

Марк андре тер Штеген си тера по свое, голманот нема намера да ја потпише согласноста за неговата медицинска документација да биде испратена до Ла Лига, ниту пак помислува да го напушти клубот – целта му е да се опорави по три месеци и да се бори за место помеѓу стативите во Барса.

„Каталонците“ се во војна со еден од капитените – Марк андре тер Штеген реши да му создаде многу главоболки на Жоан Лапорта и неговите соработници.

Голманот реши да оди на операција на грбот, со што пропадна можноста за позајмица или трансфер, а сега одбива да даде согласност неговата медицинска документација да биде испратена во Ла Лига.

Германецот го опструира планот на Барселона да искористи 80% од неговата плата за регистрација на Жоан Гарсија, кој му е главна конкуренција за место помеѓу стативите, како и Војчех Шчесни, кој ќе биде втора опција.

Последните информации велат дека Тер Штеген нема да подлегне на притисоците и нема намера да ја потпише согласноста, ниту пак помислува да го напушти клубот.

Тој смета дека не е негов проблем тоа што Барселона не може да ги регистрира Жоан Гарсија и Војчех Шчесни, и клубот треба да си најде решение за овој проблем.

Негова цел е да се опорави од повредата за три месеци (како што најави во првичното соопштение) и да се бори за место помеѓу стативите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×