Тер Штеген наскоро се враќа, Флик ќе има слатки маки да го одбере првиот голман

by riste
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик ќе треба да одбере дали ќе го игра Војчех Шчесни или Тер Штеген во четвртфиналето од Лигата на шампионите, доколку каталонскиот тим ја помине Бенфика.

Рехабилитацијата на Тер Штеген се одвива добро и тој наскоро ќе биде подготвен за враќање на теренот. Според „Спорт“ тој треба да биде фит за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во меѓувреме Војчех Шчесни влезе во одлична форма која кулминираше со фантастична партија против Бенфика во Лисабон.

Ќе биде интересно да се види дали Тер Штеген ќе се врати како прв голман или Флик ќе се одлучи да продолжи со Шчесни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани