Тео Ернандез изедначи рекорд на легендарниот Паоло Малдини! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез важи за еден од најдобрите фудбалери во тимот, а вчера израмни и рекорд на Паоло Малдини.

Ернандез беше стрелец на еден од трите гола на Милан во победата над Лече од 3-0.

Со неговиот гол против Лече тој се израмни со Паоло Малдини како дефанзивец на Милан кој постигнал најмногу голови во историјата на тимот во Серија А. Двајцата имаат по 29 голови. Со следниот погодок Ернандез ќе биде осамен на врвот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани