337
Барселона и Тер Штеген ги закопаа секирите, германскиот голман конечно го потпиша медицинскиот извештај, а клубот му ја врати капитенската лента.
Неколку дена имаше големи тензии на релација Барселона – Тер Штеген. Голманот кој е во аут поради повреда, не сакаше да го потпише медицинскиот извештај со кој клубот ќе можеше да регистрира друг играч на негово место.
Поради тоа Барселона му ја одзема и капитенската лента, но работите се вратија во нормала.
Барселона потврди дека Тер Штеген го потпишал документот кој треба да биде пратен во Ла Лига.
Тој повторно е капитен, но тешко дека ќе заигра и кога ќе биде здрав бидејќи веќе важи за трет голман.