Тензија во селекцијата на Белгија, Лукаку смирувал

by
2 минути читање

Францускиот весник „Л’Екип“ пишува дека лошите резултати довеле до тензија во селекцијата на Белгија која доживеала кулминација откако сите решиле да си кажат искрено што мислат едни за други.

Проблемите почнаа уште пред стартот на СП кога Де Брујне и Азар излегоа со изјави дека немаат шанси за висок пласман бидејќи составот им е стар.

Синоќа ироничен беше и Вертонген по поразот од Мароко велејќи дека со таков стар офанзивен напад, не можат да даваат голови. Тој намерно ги прозва Де Брујне и Азар поради нивните претходни изјави.

Се создале кланови во белгиската репрезентација, атмосферата била исклучително нарушена, не само меѓу фудбалерите туку и биле вклучени и луѓето од стручниот штаб.

Ромелу Лукаку само се обидувал да ги смири страстите и да воведе мир меѓу завојуваните страни.

Белгија во последното коло игра со Хрватска и веројатно само со победа ќе може да се пласира во осминафиналето. Постои можност таму да се најде и со реми, но за такво нешто Канда ќе мора со три или повеќе гола разлика да го совлада Мароко, што е тешко замисливо.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани