Тензија во Реал Мадрид, две ѕвезди се фатиле за врат

by bojan
1 минути читање
Реал Мадрид

Медиумите од Шпанија пишуваат за инцидент на тренингот на Реал Мадрид, настанала конфронтација помеѓу Џуд Белингем и Антонио Ридигер по еден старт на Германецот врз Англичанецот.

Поразот од 3-0 на „Емирати“ во Лигата на шампиони ја вжештил атмосферата во Реал Мадрид и инцидент на еден од тренинзите.

„Тоа беше една од најтензичните недели во соблекувалната на Реал Мадрид“ – раскажува новинарот Еди Агире.

„Ми кажаа дека во петокот имало жестока конфронтација помеѓу двајца играчи, Белингем и Ридигер се фатиле за врат. Се почнало со еден остар старт, продолжило со навреди за на крајот двајцата да тргнат да се пресметуваат, па морале да бидат разделени од соиграчите“.

Новинарот додава дека откако се смириле страстите, Белингем и Ридигер си подале рака, но овој инцидент е доказ дека поразот од Арсенал креирал тензија во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани