Тензија во Милан: Алегри спречил скандал меѓу две ѕвезди!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, бил принуден да реагира за да ја смири напнатоста меѓу своите офанзивци Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ по минималниот пораз од Лацио (0-1), пишува „Газета дело Спорт“.

Во текот на натпреварот, Леао во неколку наврати видно негодувал поради одлуките на Пулишиќ, особено во ситуации кога очекувал додавање. Камерите не го забележаа продолжението на тензијата, која се префрлила во соблекувалната, каде што Португалецот повторно побарал објаснување од својот соиграч, овојпат во поостар тон од вообичаено.

Иако не станува збор за сериозен инцидент, случајот укажува дека во нападот на Милан постојат одредени недоразбирања. Алегри во оваа ситуација настапил како медијатор, но ќе мора внимателно да ја менаџира атмосферата во тимот во наредниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×