Тензија во Јувентус, агентот на Данило соопшти дека клубот му подготвува отказ на Мота!

by riste
1 минути читање

Италијанските медиуми пишуваат дека тензијата во Јувентус ескалирала откако агентот на Данило постирал на социјалните мрежи дека клубот му подготвува отказ на Тијаго Мота.

Данило е во преговори со Јувентус за раскинување на договорот по што како слободен играч треба да се пресели во Наполи.

Во моментов играчот е надвор од составот, а неговиот агент Бруно Мисорели реплицираше на пост на Твитер кој гласеше: „Кристинао Џинтоли работи на заминувањето на Данило“.

Мисорели искоментира на тоа: „Да, и подготвува отказ за Мота исто така“.

Овој негов коментар брзо беше избришан, но италијанските медиуми го ископираа претходно, па не остана незабележан.

Интересно е тоа што ако Јувентус му даде отказ на Мота, тоа ќе биде без негов пораз во Серија А бидејќи старата дама е единствената која засега нема загубен меч во италијанската лига, но има дури 11 нерешени натпревари и затоа е на петтото место на табелата со дури 12 бодови помалку од лидерот Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани