Тензија помеѓу Милан и Рајола поради про-Јувентус клаузула во договорот на Донарума

by
2 минути читање

Џиџо Донарума и
неговото семејство сакаат да ја продолжат авантурата на Сан Сиро, па затоа
голманот се предомисли и реши одново да седне на маса со лидерите на Милан.

„Росонерите“
успеаја да се договорат со Италијанецот, Џиџо Донарума ќе добие пет годишен
договор и плта од 6 милиони евра, а во клубот ќе пристигне и неговиот брат Антонио,
кој ќе има солидна плата од 1 милион евра.

Но Милан се уште
не може да пронајде заеднички јазик со Мино Рајола.

Последните
извештаи велат дека двете страни се натегаат околу тоа за кого да важи
откупната клаузула.

Во договорот на
Џиџо Донарума ќе има две откупни клаузули, првата ќе изнесува 100 милиони евра,
а втората 50 милиони евра, и таа ќе биде на сила доколку Милан не обезбеди
настап во Лигата на шампионите.

Клубот од Сан
Сиро сака дополнително да се заштити, па бараа оваа втората клаузула да важи
само за клубови надвор од Италија.

Милан на овој
начин ќе се осигура дека Џиџо Донарума нема да заврши во лут ривал како што е
Јувентус или пак Милан.

На Мино Рајола не
му се допаѓа ова, агентот сака сите опции да бидат отворени за неговиот клиент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани