Тензија помеѓу Берлускони и Монтела

by
1 минути читање

Милан одлично ја почна сезоната, долго време беше и меѓу првите три, но потоа следуваше пад во формата и во моментов е на седмата позиција во Серија А.

Монтела се соочува и со проблеми поради повредени играчи, тимот имаше низа од четири порази по ред во Серија А, па следуваше победата со девет играчи на гостувањето кај Болоња.

Според „Газета дело Спорт“, Берлускони го губи трпението со Монтела и често почнал да му се јавува и да изразува раочарување од тактиката и изборот на фудбалери.

Монтела не сака претседателот да му се меша во работата, па односот помеѓу двајцата е далеку од потребното ниво.

Вечерва Милан е пред голем тест, му гостува на Лацио во последниот меч од 24. коло од Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани