„Црвено-жолтите“
со храбра игра вчера се изборија за голем бод и реми од 1-1 во Торино против Италија.
Четирикратниот
светски шампион не импресионираше, Македонија беше подобар противник во вториот
дел кога преку Александар Трајковски го шокиравме фаворитот.
По крајот на
средбата, Италијаните се вадеа дека не биле доволно мотивирани бидејќи по
поразот од Шпанија им било јасно дека немаат шанси за првото место во групата.
Но според
пишувањата на медиумите, ситуацијата во соблекувалната е прилично тензична, па
постарите играчи денеска организирале кризен состанок.
Пред да истрчаат
на тренингот, во соблекувалната фудбалерите ја утврдувале причината за очајната
игра против Македонија.
На состанокот не
бил селекторот Вентура ниту преставници на Фудбалската федерација на Италија.
„Аѕурите“ во
понеделник против Албанија го играат последниот натпревар на кој ќе треба да го
потврдат местото во баражот за мундијалот во Русија.