Осман Дембеле
повторно се најде на листата на повредени фудбалери во редовите на Барселона, а
челниците на каталонскиот гигант се разочарани од односот на фудбалерот,
пишуваат во Шпанија, додавајќи дека најновото се однесува на непојавувањето на
Французинот на медицински тестови веднаш по чувствувањето на болката во мечот
против Атлетик Билбао.
Спортскиот
директор на Барселона, Ерик Абидал бил доста директен во разговорот кој го
остварил со агентот на фудбалерот, Муса Сисоко, па така, „Радио Каталуња“ известува
дека од Барселона посочиле дека се вознемирени од односот на Дембеле.
„Ние сме многу
разочарани од односот на Дембеле“ му рекол директно Абидал на Сисоко, пренесе „Радио
Каталуња“, а потврди и „Марка“.
И ланската година
постоеа вакви тензични средби помеѓу обете страни откако Дембеле пропушти
тренинг во Барселона, а покрај големата фрустрација која постои во Барселона, „Марка“
сепак подвлекува дека очекувањата се Французинот да помине без казна.