Тен Хаг веќе е пред отказ: Прв ќе добие „шут карта“ во Германија?!

by Стефан
1 минути читање

По одиграните две кола во новата сезона на Бундеслигата, Баер Леверкузен сè уште е без победа, а притисокот врз новиот тренер Ерик тен Хаг станува сè посилен. Холанѓанецот летово седна на клупата на „фармацевтите“, но би можел да биде и првиот стратег кој ќе добие отказ оваа сезона во германското првенство.

Баер досега освои само еден бод и се наоѓа на 12. место на табелата, со можност дополнително да падне ако Мајнц или Фрајбург денеска извојуваат победа во меѓусебниот дуел. Во првото коло, тимот од Леверкузен беше поразен дома од Хофенхајм со 1-2, додека вчера против Вердер прокоцка водство од 3-1 и на крај одигра 3-3. Единствената победа досега ја запиша во Купот на Германија, но против нисколигашот Гросапах.

Дополнителен проблем за Тен Хаг е што практично создава сосема нов тим. Летово Баер остана без најголемите ѕвезди, Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Џонатан Тах и Гранит Џака заминаа, со што клубот инкасираше над 220 милиони евра. На нивно место беа донесени 13 нови фудбалери, на кои им е потребно време за да се адаптираат и да почнат да испорачуваат резултати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×