Социјалните мрежи тераат мајтап со тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг откако синоќа Твенте ги сопна „ѓаволите“ и стигна до бод на Олд Трафорд во 1. коло во Лига Европа.
Ерик тен Хаг како играч во три наврати го носеше дресот на Твенте, потоа беше тренер во младинските школи, а стигна и до помошник тренер на првиот тим.
Се вкупно, тој помина 23 години во клубот од Еншеде, па синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер јунајтед и Твенте во Лига Европа беше прилично специјален за стратегот.
Ериксен со прекрасен гол донесе водство за домаќините, но Данецот од херој се претвори во трагичар, во второто полувреме изгуби една топка во опасната зона и овозможи гостите преку Ламерс да стигнат до 1-1 и бод на Олд Трафорд.
Па социјалните мрежи тераат мајтап со Ерик тен Хаг поради еден негов коментар пред натпреварот.
„Преферирам да игравме со друг клуб, не е убаво да го повредите саканиот“ – рече Ерик тен Хаг, кој очигледно очекуваше лесна победа против „својот“ Твенте.
Па ваквите зборови му се удрија од глава по бодот кој Твенте го освои на Олд Трафорд и му ги помати сметките на фаворитот.