Тен Хаг се поблиску до клупата на уште еден европски гигант

by Стефан
1 минути читање

Eрик Тен Хаг го чека расплетот и според медиумите во Германија е се поблиску до клупата на Борусија Дортмунд.

Нури Сахин е под притисок на лошите резултати и натпреварот против Болоња во Лигата на шампионите за него би можел да биде одлучувачки.

„Скај Спорт“ открива дека Тен Хаг е кандидат за клупата на Борусија, посебно ако екипата продолжи со лошите резултати.

Холанѓанецот еп рв избор поради фактот што е веднаш достапен бидејќи е без ангажман откако доби отказ во Манчестер јунајтед. Се споменуваше и Себастијан Хенес, но Штутгарт не сака да го пушти својот тренер, а неговата откупна клазула е седум-осум милиони евра.

Како тренер, Тен Хаг во Германија работеше во „Б“ тимот на Баерн Минхен во период кога Пеп Гвардиола седеше на клупата на гигантот од Минхен.

Борусија во овој момент е дури на десеттата позиција во Бундеслигата со биланс од седум порази и само 25 освоени бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани