Тен Хаг откри зошто го повлекол Рашфорд од игра против Порто и ги зачуди сите

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

Маркус Рашфорд беше заменет на паузата на вчерашниот натпревар на Манчестер јунајтед против Порто, а тренерот Ерик тен Хаг даде чудно објаснување, морал да ротира.

Маркус Рашфорд беше најдобриот поединец на „ѓаволите“ во првото полувреме против Порто, Англичанецот постигна гол и забележа асистенција.

Напаѓачот сепак не истрча на теренот во второто полувреме, беше заменат на паузата и навивачите очекуваа дека некоја ситна повреда е причината за ова.

Но тие останаа зачудени од причината која ја даде Ерик тен Хаг по крајот на натпреварот.

„Мораме да ротираме“ – рече Холанѓанецот. „Не чека тежок натпревар во недела (против Астон Вила), па потребно е играчите да бдат свежи и подготвени“.

Многумина веруваат дека Ерик тен Хаг не ја кажува вистината, обично најдобрите играчи се вадат од игра и се чуваат за следниот натпревар при водство од 2-0 или 3-0, а не кога резултатот е 2-2.

Изминатиов период често има гласини за недоразбирања помеѓу Рашфорд и Тен Хaг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани