Ерик тен Хаг вели дека преговорите со новото раководство на Манчестер јунајтед на момент биле конфротирачки и откри дека поставил ултиматум.
Долго време се шпекулираше дека Ерик тен Хаг ќе добие отказ и неколку имиња се поврзуваа со кормилото на Олд Трафорд.
Сепак, на крајот „ѓаволите“ решија да му укажат доверба на Холанѓанецот и да му го продолжат договорот.
Стратегот сега открива дека преговорите со новото раководство на момент биле конфротирачки.
„Имавме добра, искрена но и на моменти конфротирачка дискусија. А така и треба да биде кога станува збор за топ клуб“ – вели Тен Хаг.
„Им ја објаснив мојата визија за сезоната и ситуацијата во Манчестер јунајтед. Кажав и по кој пат треба да тргнеме, барем според мене“.
„Мора да се биде искрен, и на крајот се се сведува на тоа дали заедно сме во ова, или не. Отворено им кажав, „Доколку сметата дека не треба вака, најдобро е да се разделиме““.