Холандскиот фудбалски стратег Ерик тен Хаг е именуван за нов технички директор на Твенте, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо.
Тен Хаг моментално е без ангажман откако брзо по почетокот на сезоната доби отказ во Леверкузен, И покрај очекувањата дека ќе внесе нова енергија во клубот кој без пораз ја освои двојната круна во сезоната 2023/24 под водство на Чаби Алонсо, раководството на „фармацевтите“ реши да се раздели со него поради незадоволителните резултати.
Именувањето во Твенте претставува враќање за Тен Хаг, кој важи за една од најголемите клупски легенди. Тој е навивач на клубот уште од детството, израсна низ младинската школа и како капитен го предводеше тимот до освојување на Купот на Холандија во 2001 година, еден од ретките три големи трофеи во историјата на клубот. Во дресот на Твенте настапи на вкупно 262 натпревари во три различни периоди, а во повеќе наврати јавно истакна дека чувствува „огромна љубов“ кон клубот.
По завршувањето на играчката кариера, Тен Хаг токму во Твенте ги направи првите чекори како тренер, водејќи ги тимовите до 17 и до 19 години. Подоцна беше и помошник тренер на првиот тим, функција што ја извршуваше сè до доаѓањето на Стив Мекларен во 2008 година.