Тен Хаг изненаден од отказот: Да се разделите со тренерот по две кола – невидена работа!

by bojan
1 минути читање

Ерик тен Хаг се огласи откако утрово доби отказ од Баер Леверкузен по само два натпревари, смета дека не го добил потребното време да го склопи тимот по свој мерак.

Ерик тен Хаг многу рано ја заврши авантурата на клупата на Баер Леверкузен, стратегот доби отказ на првиот ден од септември.

„Одлуката на Баерн да ме отстранат од позицијата тренер е комплетно изненадување. Да се разделите со тренерот по две кола – невидена работа!“ – вели Холанѓанецот во своето соопштение.

„Ова лето, многу клучни играчи од шампионскиот тим го напуштија тимот. Да се изгради нов тим потребно е време и доверба. Новиот тренер заслужува време да ја имплементира својата визија, да постави стандарди, да го скрои тимот по негов мерак. Ја почнав оваа авантура полн со енергија, но за жал раководството на сакаше да ми даде време, ниту да ми укаже доверба и навистина ми е жал поради тоа“.

„Во мојата кариера, секоја сезона ја завршував до крај и носев успех. Клубовите кои ми укажаа доверба беа наградени со трофеи“.

ФОТО: X/Bayer 04 Leverkusen

Можно е и ова да ти се допаѓа

×