Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џејмс Гарнер вели дека Ерик тен Хаг е строг и казнува, и по само еден разговор со Холанѓанецот знаел дека треба да го напушти „Олд Трафорд“.
Џејмс Гарнер е дете на Манчестер јунајтед, помина 9 години во школата на „ѓаволите“ но не успеа да се наметне во првиот тим.
Во 2022 година, фудбалерот од средниот ред го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Евертон во зделка вредна околу 15 милиони фунти.
Трансферот се реализираше по пристигнувањето на Ерик тен Хаг на Олд Трафорд.
„Тен Хаг е прилично достапен човек, но во исто време многу строг. Не дозволува никој да ги крши правилата. Ќе каже како треба и потоа ќе ги казни сите оние кои го прават спротивното“ – вели Гарнер.
„Мојот разговор со него беше прилично едноставен, директно го прашав дали ќе смета на мене или ќе имам споредна улога. Не ми се допадна она што ми го кажa, па донесов одлука да заминам“.