Тен Хаг без „влакна на јазикот“: Леверкузен направи голема глупост!

by Стефан
1 минути читање

Холандскиот стратег, Ерик Тен Хаг искрено зборуваше за одлуката Баер Леверкузен да го отпушти по само две кола и не криеше дека бил изненаден.

Отказот за Тен Хаг дојде по ремито со Вердер Бремен (3-3) во кое Леверкузен имаше предност од 3-1 и фудбалер повеќе на теренот.

„Одлуката на Леверкузен за мене беше големо изненадување. Отказ за тренерот по две кола во првенството е нешто апсолутно глупаво“, истакна Тен  Хаг.

Тен Хаг потсети и дека тимот на Леверкузен претрпел многу промени во летниот преоден рок кога тимот го напуштија важни фудбалери.

„Секој менаџер треба да добие време за да ја наметне својата стратегија. Работата ја започнав со целосна енергија и убеденост, жал ми е што управата не ми даде време, ниту доверба“, додаде Хланѓанецот.

На клупата на Леверкузен, Тен Хаг помина само 62 дена, а сега ќе биде во потрага по нов ангажман.

Фото: Bayer 04 Leverkusen/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

×