Телес: Порто извини, денес ќе го повторувам мотото кое го научив тука…

by
1 минути читање

Левиот бек на Порто, Алекс Телес за само две минути успеа да добие два жолти картони и во 27. минута да биде исклучен од мечот против Јувентус кој на крајот победи со 2-0.

На Телес му е тешко да се помири со она што се случи, се извини и даде ветување дека ќе направи се за да се искупи.

„Никој не може да ги разбере моите чувства сега. Фудбалот дава и зема за милисекунди. Им се извинувам на сите навивачи на Порто и барам за поддршката да продолжи“.

„Честитки за моите соиграчи кои се бореа до крајот за нашите цели. Ќе дадам се од себе за да ја избришам сликата за себе која ја направив синоќа“.

„Денес е еден од оние денови во кои ќе го повторувам мотото кое го научив тука: „Портиста ја наведнува главата само кога го бакнува беџот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани