279
Ибрахимовиќ во текот на овој месец треба да стане слободен играч кога неговиот договор со ЛА Галакси ќе истече.
Се поврзуваше со неколку клубови од Европа, но англискиот весник „Телеграф“ тврди дека Ибрахимовиќ се договорил со Милан.
Имаше информации дека тоа што го бара Ибра и тоа што му го нуди Милан се разликува, но двете страни нашле компромис и се договориле.
Во наредните денови се очекува трансферот и официјално да биде објавен, а Ибрахимовиќ ќе може да настапува за Милан од јануари.