Тедино ја коментираше реакцијата на Несторовски при замената со Трајковски, притоа ја откри и причината за неговата одлука

by
1 минути читање

Палермо одигра
нерешено во голеадата против Емполи на домашен терен, во рамките на третото
коло од Серија Б, со тоа тимот од Сицилија со пет бода од три одиграни
натпревари во второлигашкото друштво се наоѓа на седмото место на табелата.

Она што е
интересно за нас е фактот што капитенот на Палермо, нашиот Несторовски мечот го
почна од првата минута, а во 59. беше заменет од неговиот сонародник
Трајковски, но, ниту едниот, ниту пак другиот не погодија во мечот што заврши
со резултат 3-3.

Стратегот од
клупата на италијанскиот второлигаш, Бруно Тедино на пресконференцијата по
мечот ја коментираше реакцијата на нашиот фудбалер при реализацијата на
замената, во мошне ран период, за многумина неочекувана.

Несторовски?
Никогаш не сум видел фудбалер кој на тој начин го напушта теренот при една
замена, тој изгледаше среќно и одлично ја прифати мојата одлука. Илија е лидер
на тимот, тој одлично ја води екипата на теренот. Тој играше 180 минути за
својата селекција, исто како и Чочев, но во моментите кога ќе увидам дека
ризикуваат повреда на теренот, веднаш ги вадам од игра. Тој е премногу важен
фудбалер за нас, Несторовски ќе ни биде од огромна важност за претстојниот дуел
со Фоџа, се одлучив да го заменам само да го заштитам од евентуална несакана
повреда
“ издвои Тедино.

Несторовски и
Трајковски постигнаа по еден погодок во новата сезона од Серија Б, по ланското
испаѓање на нивниот тим од елитата во Италија, а одиграа по два натпревари, на
еден беа вон комбинација (Бреша-Палермо
0:0) поради настап за Македонија на дуелот против
Албанија.

Претстојниов викенд
Палермо гостува кај Фоџа во рамките на четвртото коло од Серија Б.

 

Извор-Фотовест: mediagol.it

Можно е и ова да ти се допаѓа

×