Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас по подолго време одлучи да го прекине молкот и да зборуваа во јавноста за актуелните ситуации во шпанскиот фудбал.
Секако, една од темите беше и регистрацијата на Дани Олмо. Ла Лига не дозволуваше Олмо да биде регистриран, но
Барселона со жалби до повисоките органи успеа да ја поништи одлукатак која Ла Лига ја донесе заеднички со Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
„Јасно е дека сме против неговата регистрација и имаме силни докази во таа борба. Ќе бараме да биде поништена регистрацијата и мислам дека имаме големи шанси“, изјави Тебас.
Голем број клубови во Шпанија се жалеа поради тоа што Барселона го регистрираше Олмо и Тебас смета дека се во право.
„Тие имаат право. Ако ние како лига се жалиме, значи дека веруваме дека нешто не е како што треба“, изјави првиот човек на Ла Лига.