Тебас најави фудбалски фестивал во Шпанија, фудбалерите на тестирање 24 часа пред секој меч

by
1 минути читање

Првиот човек на
Ла Лига, Хавиер Тебас инсистира на тоа дека ќе следат секојдневно натпревари во
шпанското првенство во еден месец за да се комплетира целосно актуелната сезона
која во моментов е во „застој“ поради пандемијата од коронавирусот.

Фудбалските возбудувања
во Шпанија, како и повеќето ширум светот сопреа во март, но, по два месеци
изолација, фудбалерите веќе почнаа да тренираат по одредени правила, кои
најмногу се однесуваат на социјалната дистанца.

Не знам кога
фудбалот ќе се врати, не знам дали најверојатно датумот ќе биде 19. јуни, би
сакал тоа да се случи една седмица порано од тоа, но, сево ова ќе зависи од
случувањата со вирусот
“ изјави Тебас за „Ел Партидазо“.

Враќањето на
тренинзите донесе голема надеж дека шпанскиот фудбал може да се врати во
седмиците кои претстојат, а Тебас изрази надеж тоа да да се случи на 12.
јуни, како и да е, 57 годишниот Тебас отфрли да прецизира конректно околу
датумот, инсистирајќи на тоа дека ќе постои минимален ризик кај фудбалерите за
време на натпреварите.

Веројатно е дека
ќе имаме секојдневно натпревари во рок од 35 денови, 24 часа пред секој меч
фудбалерите ќе бидат тестирани, ќе имаме најнизок ризик за време на
натпреварите, целта е пред стартот да имаме што е можно помалку инфицирани од
вирусот, имаме одлична контрола во однос на здравјето на фудбалерите, постојано
бараме од нив да го почитуваат протоколот дури и во домашни услови
“ додаде
Тебас.

Сметам дека ние
треба да бидеме пример за општеството, гледам голема одговорност во самите
фудбалери
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×