118
Рајторал кој имаше одиграно 14 натпревари за чешката репрезентација и беше член на турскиот тим Газиантеп, синоќа извршил самоубиство.
Турските медиуми информираат дека Рајторал бил најден обесен во својот дом откако Газиантеп во полицијата го пријавиле отсуството на фудбалерот.
„За жал можам да ги потврдам вестите за самоубиството дека се точно“ – изјави претседателот на Газиантеп, Ибрахим Кизли.
„Неговите соиграчи беа загрижени откако Рајтолар не се појави на тренингот. Тој имаше добар дух, не изгледаше дека има било какви проблеми. Навистина не знам зошто го направи тоа“.