Тажни вести од соседството: Почина ќерката на поранешен играч на Шкупи

by bojan
1 минути читање

Голема трагедија во семејството на поранешниот фудбалер на Шкупи Фреди Алварез, утрово починала неговата ќерка.

Фреди Алварез, фудбалер од шампионската генерација на Шкупи, во јануари направи трансфер во редовите на ФК Тирана, но авантурата во нашиот западен сосед започна со голема трагедија.

Неговата ќерка починала во раните утрински часови, се верува дека се работи за несреќен случај, фаталните повреди настанале по пад дома.

Од таборот на ФК Тирана изразија длабоко жалење: „Целиот клуб е во шок, му стоиме на располагање на Фреди и неговото семејство во овој тежок момент. Нашето најискрено сочувство е со семејството на Алварез. Нека почива во мир“

Сочувство до семејството Алварез изразија и од таборот на Шкупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×